Реклама

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Прилози

Мизерни плати, недостаток на луѓе, стара опрема–Претходната власт со прст не мрдна со пожарникарите

Без обучени пожарникари и со застарени теренски возила. Вака работат пожарникарните единици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без обучени пожарникари и со застарени теренски возила. Вака работат пожарникарните единици ширум земјава во кои последниве години поранешната власт нема инвестирано речиси ништо. Кој научил нешто, научил само затоа што отишол на обука во странство, но со пари на невладини организации. Остантите се без никаква обука и се снаоѓаат како можат. Ова е кадарот кој во моментов води битка со оглената стихија што деновиве се случува низ Македонија. но, проблем е и недостатокот на луже. Според пензионираниот командир на битолската единица, Костадин Поповски во Македонја има помалку од 800-тини пожарникари, а на 2 милиони население потребно е минимум 1250 пожарникари.

Пензионираниот пожарникар вели дека шумските пожари се најопасни во однос на заштитата на населението бидејќи тешко се лоцираат и контролираат, а последниве годинина власта на сдсм и дуи не направила ништо. Поповски уверува дека пожарникарите немаат теренски возила за на планина. Неколку возила се обезбедени од странски донации, а надлежните од минатата власт, ниту инвестирале во опрема, ниту во кадар.

Инаку, единствениот Центар за едукација и обука на професионални пожарникари во земјава, во Битола кој е основан пред десет години според сите европски стандарди, веќе четврта година не може да врши обука и зјае празен.

Реклама

Според ланскиот ревизорски извештај платите на пожарникарите се ниски , а недостасуваат 430 пожарникари во цела Македонија.

Дел од  пожарникарите започнале постапки пред надлежните судови, кои завршиле со пресуди во нивна корист. Во периодот 2017 до 2022 година, од страна на општините кои биле опфатени со ревизијата за судски и адвокатски трошоци исплатени се речиси 148 милиони денари, стои во Извештајот за лани.

Исто така ревизорите констатираале дека несоодветната обученост на силите за заштита и спасување ја намалува ефикасноста при пожарите на отворено.