Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Митото и корупцијата им го јадат профитот на македонските компании – анкета на Стопанската комора на Македонија

Над половина од македонските компании лани се соочиле со корупција во јавната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над половина од македонските компании лани се соочиле со корупција во јавната администрација, а најчесто инволвирана била централната власт – Покажува анкетното истражувањето на Стопанската комора на Македонија. Над 12% од анкетираните одговориле дека им било побарано мито и од над 100.000 евра.

  • „За 78% од компаниите дошло од централната државна власт, за 22% од локалната власт. Најмногу се за добивање дозвола, одобрени и нешто слично. При инспекциски надзор, при царинска и тендерска постапка. Како и даночни, судски и катастарски постапки.“ – Изјави Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија.

Оттаму велат дека никој во македонскиот бизнис сектор не бил поштеден, бидејќи над 80% од анкетираните компании, сметаат дека корупцијата е помеѓу првите три проблеми со кои се соочува државата. Една третина од нив сметаат дека може да пропаднат ако не прифатат коруптивни зделки, а најчесто им барале вработување и донации во политички партии.

  • „51%, помеѓу една и 10 илјади евра. Тоа е најчестиот одговор. 12%, 5 компании им било побарано и повеќе од 100.000 евра. Не се секогаш мали износите. При јавните тендери, било побарани пари во вредност од 6 до 10% од износот на тендерот.“ – Истакна Јовановски.

Македонскиот бизнис сектор смета дека помеѓи главните причини за корупцијата во Македонија се ниските казни за овие криминални дела и неефикасниот правосуден систем. Но, не губат надеж, над 96% одговориле дека ако има искрен политички мотив, корупцијата може да биде успешно сузбиена.

Реклама
  • „Најголем дел мислат дека судскиот систем е неефикасен. Дека во власта има подинци што сакаат брзо да се збогатат. Зборуваме за 2023та година. 56 одговори има дека владее морална криза во општеството, како и тоа дека законите не се применуваат. 42 одговори велат дека нема ефикасна заштита за оние кои што пријавуваат корупција. Има 23 одговори, каде што велат дека ниски се платите во јавниот сектор.“ – Образолжија од стопанската комора.

Компаниите се решени и лично да се заложат за да се спротистават на корупцијата. Над 66% одговориле дека би посетувале обуки за интегритет, а ќе потпишат и кодекс на етички принципи, кој во иднина може да стане услов за членство во стопанската комора. Инаку, анкетното истражување е спроведено на 130 компании, репрезентативно подделени на големи, средни и мали претпријатија. Во над 80% од случаите, одговори на пршањата дале генералните менаџери. Единствено што комората изоставила во истражувањето е, во кои случаи компанииите самоиницијативно се впуштиле во мито и корупција.

Никола Цветкоски