Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Митилинеос „на брза лента“: За само еден ден Владата ги повлече законите, повторно ги усвои и итно ги прати во Собрание

Ги повлекоа па веднаш ги вратија. Само неколку часа им беа доволни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ги повлекоа па веднаш ги вратија. Само неколку часа им беа доволни на министрите во Владата за наводно да ги расчистат сите дилеми за таканаречените стратешки инвестиции и да ги проследат повторно до Собранието.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи тврди дека ги повлекол од законодавниот дом, по притисокот од јавноста, но наместо разјаснување повторно заврза чвор.

Тврди дека и првиот пат предлог – законите биле доставени со сите потребни документи кои биле готови дури и три недели порано.

Реклама

Сепак, во мислењата од Антимонополската комисија и од Државното правобранителство јасно се гледа датумот на печатот – законите биле испратени до пратениците на на 24-ти јануари, едното мислење е архивирано на 7 февруари, а другото на 23-ти јануари.

Во јавноста меѓу кои и вие како новинари укажувавте дека немало мислење на Комисијата за заштита на конкурентност, па немало мислење од Државното правобранителство за да ги елиминирам сите овие недоумици беа повлечени законите, во системот се сите мислења со датуми многу поодамна . Од државно правобранителство на 23-ти јануари пред да бидат испратени на 20-ти јануари, комисија има дадено на 7-ми февруари, вели Битиќи

Комисијата за зашита од конкуренција претходно не даде преодна оценка за договорот со грчки Митичинеос, и бараше дообјаснување. Сепак, вицепремиерот стои на ставот дека не направиле ништо надвор од законот. Сега направени се интервенции во договорите и избришани се два члена од закони за кои имало забелешка, и биле вметнати мислењата,  но што е точно измената освен дека сега се со потпис од Фатмир Битиќи наместо од Артан Груби, вицепремиерот не кажа.

Благодарност до сите новинари кои исцрпно ги читавте, направени се одредени интервенции во самите договори и во два од законите се избришани два члена за кои имаше ……Кај Митилинеос, Аим Греен Тек и кај сите договори , рече Битиќи.

Законите се вратија по втор пат пред пратениците и покрај низата предупредувања за загрозување на енергетскиот суверенитет и финансиска штета. Најконтроверзен од сите е договорот за изградба на комбинирана гасна централа во скопска „ Железара“ од грчки Митилинеос, кон кој сме обврзани на речиси се што побарале, а Македонија не добива ништо.