Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека големата доверба што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност, се вели во соопштението од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

-Колку е поголема довербата, толку е поголема и одговорноста. Но, од друга страна, оваа победа некако може и многу други работи да ни покаже. Политичките кандидати на ВМРО-ДПМНЕ успеаја преку овие локални избори да покажат дека се идентификувале со очекувањата на граѓаните.

Добивањето на довербата на локално ниво, особено на локални избори, секогаш значи дека граѓаните имаат очекувања од вас, и ако вие ги исполните нивните очекувања, или веруваат дека можете да ги исполните очекувањата, тогаш и директно ви ја даваат довербата, истакна Митева.

Реклама

Митева нагласи дека резултатите од изборите покажуваат дека граѓаните веруваат во ВМРО-ДПМНЕ како партија што има јасен системски правец и реален пристап кон решавање на проблемите.

-Овие избори покажуваат дека граѓаните веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што има еден системски правец, а тоа е чесност, работа и посветеност. Веруваат дека можеме да го исполниме она што го ветуваме, веруваат во реториката која што ја имаме на работа и чесност, а не само на празни зборови коишто не се реализираат во реалноста, додаде Митева.

Митева изрази благодарност до сите граѓани кои ја дале својата доверба, нагласувајќи дека токму таа доверба претставува дополнителен мотив за уште посериозна работа и исполнување на ветеното.

-Водевме реална политика, зборувавме за реалните проблеми. Јас благодарам на секој еден граѓанин којшто ја даде довербата, го даде својот глас и се разбира откако се ова ќе го сумираме веднаш следи одговорноста затоа што и довербата е голема, вели Митева.