Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Прилози

Митева: Со одлука на владата се потврдени условите за унгарскиот кредит

Владата го потврди договорот со банките за парите од унгарскиот заем кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата го потврди договорот со банките за парите од унгарскиот заем кои се наменети за стопанството. Со ова е отворен патот за средствата кои ќе придонесат за технолошки напредок, инвестиции и развој на бизност. Со заклучокот усвоен од министрите на владина седница се потврдени веќе познатите  услови за фирмите според кои ќе добијат дел од евтиниот финасиски колач . Фирма ќе добие максимум до 10 милиони евра по фиксна каматна стапка од 1,95 отсто, а отплатата е до 15 години. Ќе се плаќа квартално по завршување на грејс периодот до три години, а услов е фирмата да има 20 отсто сопствено учество од вкупната вредност на инвестицијата.  

Имајќи предвид дека бруто-домашниот производ е проектиран на 16 милијарди, станува збор за 5 проценти од бруто домашниот производ, средства коишто очекуваме да бидат инвестирани оваа и следната година. Тоа е алатка со која што ќе се бориме против евентуалната економска криза и со која ќе ја придвижиме економијата во целост, вели Марија Митева.

Средствата од кредитната линија ќе бидат наменети за инвестиции во нови машини и опрема, недвижности, погони, фабрики, деловни објекти за сопствена употреба, транспортни средства поврзани со производствениот процес, обновливи извори на енергија наменети за производство на енергија, а ќе може да се инвестира во нови софтвери. Исплатата ќе биде по доставена фактура со цел да нема злоупотреби

Реклама

Заемот од Унгарија е во износ од 500 милиони евра . 250 милиони евра се наменети за капитални инвестиции за општините за што веќе се потпишуваат договори, а останатата половина за бизнисот. Со инвестициите во јавниот и приватниот сектор ќе се поттикне инвестициски циклус и раст на економијата кој во буџетот за 2025 е проектиран на 3,7 отсто.  На овој начин, според Премиерот , државата ќе се спротистави и на  евентуалната економска криза која би се случила како последица на кризата во автомобилската индустрија во Европа.