Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Македонија

Митева: Силен сомнеж дека штрајкот на УПОЗ е политички мотивиран, Владата е партнер на сите

Владата е партнер на сите. Спремни сме да ги прифатиме сите предлози…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата е партнер на сите. Спремни сме да ги прифатиме сите предлози и сугестии. Ова е во насока на висока подготвеност која ја имаме да разговараме за сите теми. Но дозволете ми да истакнам дека нè изненадува фактот што токму  УПОЗ како прв чекор го презема штрајкот наместо дијалогот кој е прв демократски начин и метод за функционирање.

Ова денес го истакна Марија Митева, портпарол на Владата на Република Македонија.

-Сакам да ја потсетиме јавноста дека за само шест месеци успеавме да постигнеме договор за покачување на платите на вработените во здравството, во образованието, а се покачија и пензиите. Исто така посочуваме дека Владата обезбеди додаток на плата и К-15 на сите вработени и, повторувам, подготвени сме да разговараме на секоја тема. Секој штрајк треба да биде организиран во согласност со законот за работни односи и колективните договори, да биде најавен согласно законот. Да биде спроведена и постапката за помирување која е задолжителна и да се определат нужни работи кои мора да се вршат. Бидејќи, за жал, ниту еден од овие постоечки законски услови не е исполнет, говори за незаконитост на штрајкот и отвора силен сомнеж дека овој штрајк е политички мотивиран, истакна таа.

Реклама

Митева посочи дека има бројни механизми преку кои можат да се отворат сите овие прашања, а потсети и на економско-социјалниот совет каде можело да се отвори ова прашање.

-Интересно е што изминативе години, овој синдикат како да молчеше за ова прашање и со жалење мораме да истакнеме дека отворено се сомневаме дека зад ваквиот чекор стои политичка позадина на синдикатот кој делува како продолжена рака на партиите кои досега, за жал, ги слоупотребуваа правата на работниците.  Прашуваме дали ова е начинот на кој се злоупотребува синдикалното движење во државата?! Како Влада гледаме реално на работите и не сме задоволни од платата во администрацијата, но потенцираме дека дијалогот е вистинскиот начин за изнаоѓање на решение, посочи Митева.