Реклама

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Македонија

Митева: Наместо со политички аргументи и факти, опонентите континуирано шират лаги, Владата реагира бргу и транспарентно кон граѓаните

На телевизијата „Алфа“ во емисијата „Меѓу редови“ гостуваше претседателката на Унијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телевизијата „Алфа“ во емисијата „Меѓу редови“ гостуваше претседателката на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, Марија Митева, која истакна дека Владата се соочува со политички опонент, кој наместо аргументи и факти, шири лаги и невистини нагласувајќи дека владината комуникација се темели на транспарентност, будност и брза реакција, со цел граѓаните навремено да бидат информирани, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас би сакала да имаме политички опонент каде што политички ќе треба да се надмудруваме во рамки на политичката аргументација, за жал во моментов тоа го нема, ние се обидуваме да зборуваме со фактите и реалноста, тие континуирано со ширењето на лаги и невистини и како Влада точно знаеме во рамки на комуникацијата дека првото правило по кое и се водиме е будноста, брзата реакција, точно знаењето кога и каде да и ја соопштиме вистината на граѓаните се со цел да не бидат во заблуда, и мислам дека поткренувањето на индексот на транспарентност на Владата од година во година покажува дека сме на добар пат“, рече Митева. 

Митева, меѓу другото, се осврна и на улогата на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ посочувајќи дека организацијата придонела за поголемо политичко учество на жените, отворање можности за нивно лидерско позиционирање и јакнење на нивната економска независност.

Реклама

„Унијата на жените е убедливо најмоќната организација на жени во рамки на политичките партии во Македонија, успеала да отвори многу врати за жени коишто многу долго време биле затворени, еден таков пример е претседателката на државата, успеавме како политичка партија да поддржиме кандидат жена за претседателка и тоа е огромен успех и тоа ќе остане запаметено во историјата, сме успеале да создадеме широка мрежа на жени коишто активно политички учествуваат. Клучното на Унијата на жените е покрај тоа што е организација на жени којашто е најмоќна и најсилна и е моторот во рамки на партијата, фокусот да биде ставен на политичкото делување на економската независност“, децидна е Митева.