Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Митева: МЕПСО давал пари за граѓански здруженија, боречки клуб и Центар за модерни и спортски танц

Донациите и спонзорствата на АД МЕПСО се сомнителни по неколку параметри. Прво,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Донациите и спонзорствата на АД МЕПСО се сомнителни по неколку параметри. Прво, согласно планот и анализата предвиден за 2024 година биле предвидени 12.300.000 денари, а од страна на раководството биле потрошени 22.712.500 денари. И второ, согласно членот 11 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности каде се утврдува дека преку целта на донација треба да се утврди, оствари, промовира или поддржи дејност од јавен интерес, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Па оттука прашуваме, која е дејноста од јавен интерес што АД МЕПСО го спонзорирал преку Здружението на граѓани за промоција 22 Нентор кое во февруари годинава добило 120.000 денари. За дел од примателите на донациите, како на пример СЕСОН кое добило 300.000 денари и ОФ на Македонија кое добило 1.000.000 денари не може да се најдат подетални податоци. Понатаму, на Центарот за модерни и спортски танци Прима Данца биле доделени 300.000 денари во месец април оваа година. На Боречки клуб Тефејуз Скопје биле доделени 300.000 денари.

Листата на донации и спонзорства е долга и голема, па затоа прашуваме дали согласно член 19 од Законот за донации и спонзорства се изготвени извештаи помеѓу давателот и примателот на донацијата кои се должни тоа да го направат? Дали врз основа на тие извештаи може да се утврди целта на донацијата и импактот кој истата го имала врз јавноста? Владеењето на СДС и ДУИ беше катастрофално на секое ниво. Ќе продолжкме да ја информираме јавноста за информациите кои доаѓаат до нас, а за сите овие работи очекуваме одговорност и соодветни постапки – рече Митева.