Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

МИТЕВА: Инвестицијата од 450 милиони евра во ветропаркот ќе произведува струја за над 100.000 домаќинства

Покрај зголемени пензии, Македонија добива и инвестиција од 450 милиони евра за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покрај зголемени пензии, Македонија добива и инвестиција од 450 милиони евра за ветропаркот што ќе снабдува над 100.000 семејества со електрична енергија и тоа во првата недела на новата влада. Пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Марија Митева потврди дека оваа инвестиција ќе донесе 630 нови работни места и ќе го подигне БДП на државата за нови 100 милиони евра годишно.

Митева најавува и нови инвестиции во иднина во енергетскиот сектор, а со тоа граѓаните нема да плаќаат поскапа струја за 50 %.

Имено, не само за пензиите и помалите сметки за струја, владата на првата седница во петокот одлучи да му го укине факултетот за здравствени науки во Струга на градоначалникот Рамиз Мерко.

Реклама

Решението му го потпишал поранешниот министер за образование од ДУИ, Јетон Шаќири, откако добиле согласност од  владата на ДУИ и СДСМ и Одборот за акредитација на високото образование.  

На новинарско рпашање дали укинувањето е оправдан чекор Митева вели дека потребно е да се стави ред во хаосот што постои и во образованието, но и во здравството како еден од најважните ресори. Според неа треба да се направат строги критериуми за тоа кој може, а кој не може да отвора катедри на фалултети. Исто така таа појаснува дека  сите треба да се свесни дека нема да поминат низ иглени уши оние кои што како што вели, сакаат да ги злоупотребуваат законите.