Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Митева: Хуманоста не е спротивност на политиката, Унијата на жени ја гради политиката околу човекот 

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, од Дневниот центар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, од Дневниот центар за стари лица ,,Даре Џамбаз“,  упати благодарност до волонтерите на Црвениот крст на град Скопје по повод Светскиот ден на хуманоста. Таа посочи дека хуманоста е тесно поврзана со политиката и дека секогаш треба да се има предвид дека зад секоја политичка одлука стои човек, како што вели таа, врз чиј живот таа одлука треба да има вистинско влијание. Митева истакна дека Унијата на жени стои на располагање максимално да помогне и да се вклучи во хуманитарните активности, да даде поддршка и да има соработка, со цел да се направи нешто подобро за сите граѓани.

,,Силно верувам во тоа е дека хуманоста е тесно поврзана со политиката, односно политиката не може да постои без хуманоста. Затоа што, ние секојдневно се трудиме на еден или друг начин да помогнеме некому, да направиме нешто добро. Дали тоа ќе биде во рамки на проект, дали ќе биде во рамки на одлука, дали ќе биде во рамки на решение, секогаш треба да зборуваме дека зад секоја политичка одлука постои човекот за којшто таа одлука или мерка или проект треба да има вистинско влијание“, рече Митева.

Митева се осврна и на своето прво искуство со Црвениот крст, и посочи дека токму преку него ја препознала важноста од координираната соработка меѓу организациите и институциите, во ситуации кога е потребна брза и ефикасна поддршка.

Реклама

,,Од оваа перспектива како претседателка на Унијата на жени, но и како Унија на жени морам да ви кажам дека покрај нашата политичка мисија, ние имаме и хумана мисија, затоа што силно верувам дека и низ историјата жените биле тие коишто постојано се грижеле, дали за домот, за децата, за повозрасните, за заедницата и некако тоа е природно нешто коешто нам ни припаѓа“, истакна Митева.

Митева посочи дека, со оглед на промените во динамичното време, се повеќе се наметнува потребата жените директно да бидат вклучени во процесите на носење одлуки, со цел, како што вели таа, да придонесат со своето професионално искуство. 

,,Јас во вас можам да видам многу искусни дами, коишто низ текот на животот сте стекнале огромно искуство и тоа искуство ви придонело денес да знаете дека вашето присуство на терен, вашето волонтерство и вашата грижа за секој еден во Македонија е исклучително важна и од срце ви честитам и ми е драго што можам да соопштам пред вас дека како Унија на жени, сериозно ќе размислуваме како максимално можеме да помогнеме и да се вклучиме во активностите. Стоиме на располагање, затоа што сметаме дека со секоја една помош, поддршка и соработка можеме да направиме нешто подобро за секој еден и на крај за нашата Македонија“, заклучи Митева.