Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Митева: Граѓаните ја чувствуваат промената, економските политики на Владата носат стабилност и предвидливост

Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Приоритет на оваа Влада, уште од самото формирање беше економија и една стабилност и предвидливост која што си ја зададовме како цел. 7 квартали раст на БДП од 3%, континуирано, 7 квартали да се случува тоа, кога во моментот имаме една од најголемите енергетски кризи, која што еве за среќа веќе се гледа крајот, но сепак последиците мислам дека уште малку може да да се прелеваат во делот на економијата, рече Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на една од националните телевизии.

Според неа, Владата води политика на предвидлива економија што отвора над 16.000 нови работни места, го зголемува индустриското производство и преку дијалог обезбедува координација.

„Да имате една стабилна и предвидлива економија, која што ќе отвори над 16.000 нови работни места, да имате една економија која што ќе го зголеми индустриското производство над 8%, една инфлација, која што за разлика од многу други држави ќе успеете во ваква криза да ја нивелирате и да ја држите до едно средно ниво, да се обидувате да го водите социјалниот дијалог, да успеете не преку мерки туку преку дијалог да направите една координација и со големите маркети, но и со сите оние општествени одговорни компании“, вели Митева.

Реклама

Според неа, Владата секогаш треба да се стреми кон повеќе од она што е остварено во даден момент.

„Граѓаните ја чувствуваат промената и чувствуваат дека оние чекори кои што ги правиме, не се несигурни, не се еден напред три назад, туку се чекори кои што се стабилни, кои што се сигурни и кои што одат во правилна насока. Со едно вакво темпо кое што го имаме во првата половна од мандатот на оваа влада покажавме дека знаеме поинаку, дека знаеме системски како може да се функционира, и дека граѓаните можат, но и бизнисот да ја види таа предвидливост“, истакна Митева.