Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Митева: Филипче да одговори, ја криел ли фирмата од Бугарија за да не се доведе во релација со Медикал420 од која исчезнуваа наркотици фатени во меѓународна акција

Ул. Гоце Делчев 12, Петрич е адресата околу која се вртат милионите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ул. Гоце Делчев 12, Петрич е адресата околу која се вртат милионите на Заеви и Филипче. Ова е адресата која Венко Филипче сакал да ја сокрие од јавноста кога не ја пријавил својата фирма основана во Бугарија, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено на адресата на која е регистрирана фирмата на Венко Филипче во Бугарија, е адресата на која претходно се регистрирани низа фирми на Заеви, меѓу нив најпозната е Медикал 420 БГ.

Медикал 420 БГ е фирмата во чија поддружница во Битола во 2022 биле пронајдени наркотици во вредност од 800 илјади евра, иако на истата фирма една година претходно и била одземена лиценцата.

Реклама

Оваа фирма во Македонија добила лиценца за производство на марихуана од владата на Зоран Заев, кој кога се одземала нејзината лиценца се изземал од одлучување, со објаснување дека се работи за сопствен приватен интерес или интерес на блиско лице.

Фирмата за која Заев потврдил дека тој или блиско лице имаат сопствен интерес е фирмата од која потекнувала и дел од марихуаната која беше запленета во акција на Агенцијата ДЕА на Плетвар. Во таа акција беше уапсен личниот шофер на Трајче Заев и полициски командир.

За овој скандал Албанската ТВ Ора објави дека има прислушувани разговори кои покажуваат дека високи функционери од владејачката коалиција во Македонија во тоа време директно интервенирале за да се оневозможи успешна операција против шверц со дрога преземена од странска агенција. Телевизијата тогаш објави дека бил вмешан и Трајче Заев, братучед на поранешниот премиер.

Ова беше СДС и како тие владееја. Ова СДС сега уште е водено од истите луѓе, истиот близок круг и фирми кои се наоѓаат на иста адреса.

Венко Филипче е должен да одговори, дали ја сокрил фирмата во Бугарија од анкетниот лист, за да не се доведе во поврзаност со Медикал 420 од која исчезнуваше марихуана, фатена во меѓународна акција за за сузбивање на трговија со наркотици?, запраша Митева на денешната прес-конференција.