Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Митески: Нема утврдени жаришта на комарци во Аеродром, ќе продолжиме со мерките во координација со здравствените институци

Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Аеродром нема утврдени жаришта на комарци, но локалната самоуправа во координација со здравствените институции и Град Скопје продолжува да презема мерки за заштита на населението, изјави градоначалникот Дејан Митески.

Одговарајќи на новинарско прашање по увидот во градежните работи во ОУ „Александар Македонски“, Митески рече дека општината ги следи препораките на надлежните институции и веќе е спроведено вонредно прскање против комарци.

– Жаришта нема утврдено, меѓутоа има заболени на територијата на Општина Аеродром и претпоставувам дека се поради контакт во некоја од контактните зони. Аеродром не е изолирана општина во Скопје со физички граници, така што лесно може да се пренесе од една во друга општина – истакна Митески.

Реклама

Тој посочи дека Општината постапува во соработка со Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје и Град Скопје.

– Ги следиме нивните препораки, се изврши вонредно прскање против комарци, така што секој следен чекор ќе го правиме во координација и соработка со овие институции, појасни градоначалникот.

Одговарајќи на прашање за отстранувањето на последиците од невремето што ја зафати општината пред еден месец, Митески информираше дека на територијата на Аеродром биле евидентирани повеќе од 120 паднати дрвја и дека расчистувањето сè уште е во тек.

– Сто и дваесет дрвја не се отстрануваат за еден ден. Сите пристапни патеки, улици и паркинзи се комплетно ослободени, а остануваат поголемите дрвја за кои е потребна специјална механизација, најчесто во парковите каде што не го попречуваат секојдневното функционирање на граѓаните, информираше Митески.

Тој додаде дека активностите се реализираат во соработка со јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ и најави дека расчистувањето ќе продолжи и во наредниот период.