Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности

Истакнав дека македонската Влада е максимално посветена на исполнување на националните обврски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истакнав дека македонската Влада е максимално посветена на исполнување на националните обврски кои произлегуваат од нашето членство во НАТО и одлучна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети, истакна Мисајловски.

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговараше за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски потенцираше дека прагот за Буџетот за одбраната да биде минимум 2% од БДП е приоритет. Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен Буџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите.

Реклама

-Посветени сме на исполнување на националните и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности, заклучи министерот Мисајловски.

На маргините на состанокот, денеска заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија министерот Мисајловски потпиша Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8, по изразената намера на сојузничка Романија да се вклучи во оваа Иницијатива, која е од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на Алијансата.