Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Прилози

Мисајловски најави инвестиции и модернизација: Македонската Армија мора да биде рамо до рамо со светските сили

Македонија пет години во НАТО. За да застанеме рамо до рамо со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија пет години во НАТО. За да застанеме рамо до рамо со големите земји членки потребни се инвестиции во македонската армија, а тоа ќе се случи наредниот период најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Според него државата мора да продолжи да ги јакне националните капацититети, да вложува во одбрана, да ги зацврстува партнерставата со сојузниците и да придонесува во регионалната и глобалната безбедност и стабилност.

-Вие знаете многу добро дека голем број нашите капацитети што ги има Министерството за одбрана, но и во Армијата се за жал во лоша состојба. Кога треба да бидеме еднакви на масата и да седиме со големите земји членки треба да имаме средства и за овие објекти денеска каде што сме тука. И сакам да најавам дека сите овие објекти што се од Министерство, како што е домот на АРМ кај што оваа година еве започнуваме фаза на проектирање, да направиме проект и да започнеме со целата реконструкција здравје од следните години, изјави Мисајловски.

Во ек на војната во Украина пред НАТО се голем број предизвици. Според пензионираниот генрал Павле Арсовски, Алијансата секогаш изнаоѓала начини да се справи со сите ситуации.

Реклама

-НАТО во својата 76 годишна историја имал еднакво тешки и предизвикувачки периоди, но сепак сојузниците секогаш изнаоѓале начин како Алијанската да продолжи да опстојува и да ја сочува својата функција. А тоа е безбедност на севрноатлантскиот регион, стабилност, одвраќаме и мир преку воена способност, изјави Арсовски.

Според пензионираниот генреал Илија Николовски Македонија многу добила со членството во Алијансата.

-Со зачленувањето во НАТО се подобрува се подобрува контролата на воздушниот простор на Република Македонија и еве веќе ги имаме придобвките во оваа област. Нашиот јужен сосед тоа го прави бесплатно за нашата земја. Ни се овозможува да ги користиме искуствата, стандардите и придобивките во справувањето со кризи, поуспешно справување со потенцијалните безбедносни ризици, изјави Николовски.

Македонија на 27 март 2020-та година официјално стана 30-та земја членка на НАТО, со што беше остварена една од најважните стратешки цели, која со едногласна одлука на Собранието беше донесена уште во 1993-та година.

Матеја Петровски