Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Мисајловски: Наскоро конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на една од националните телевизии, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок.

– Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме конкурсите, се надевам веќе во пролетниот рок што доаѓа, што повеќе луѓе да влезат, да се натпреваруваат меѓу себе и да бидат дел од Министерството за одбрана, односно од Армијата, вели Мисајловски.

Истакна дека интересот кај младите постои и дека офицерскиот кадар и специјалните единици се на високо ниво на обученост. Мисајловски додаде дека со зголемувањето на буџетот за одбрана ќе се создадат услови и за подобрување на статусот и примањата на припадниците на Армијата.

Реклама

– Минатата година, од јануари, сите вработени во Министерството добија 30 отсто зголемување на нивните плати. Кога ќе се зголемува буџетот на Министерството, се разбира дека ќе гледаме и кадарот да биде подобро платен, и тоа можам да го ветам, рече Мисајловски.

Министерот, исто така, најави дека набрзо ќе има решение со кое би се задржале војниците кои што ќе наполнат 45 години, за да можат да продолжат да го даваат нивниот придонес во Армијата.

– Има иницијативи, што најважно е како да се задржат сите војници што ќе наполнат 45 години. Мислам дека набрзо ќе има решение, со кое ќе бидат сите задоволени, како да ги задржиме сите војници во Армијата, за да можат дополнително да дадат придонес, рече Мисајловски.