Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Мисајловски: Најголемиот дел од буџетот во одбраната за 2026 година е за модернизација на Армијата

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека модернизацијата на Армијата продолжува со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вели дека модернизацијата на Армијата продолжува со максимално темпо и оти за таа намена е најголемиот дел од буџетот за одбраната за следната година којшто изнесува 358 милиони евра, за 27,7 милиони евра повеќе во однос на буџетот за годинава. 

– Околу модернизацијата, поминавме многу договори, сите успешно ги затвораме.  Стигнаа хаубиците, тоа е многу важен договор со Турција, останува уште дел од проектилите да стигнат наредната година. Исто така го завршивме и процесот во делот со нашиот стратешки партнер САД каде стигнаа последните JLTV возила и веќе имаме 96 лесни оклопни возила за потребите на нашата батаљонска група, а од друга страна, следната година стигнуваат и сите оклопни возила STRYKER,  рече вечерва Мисајловски.

Тој најави дека во првиот квартал следната година ќе биде првата испорака од ракетниот систем Мистрал согласно со договорот со Франција, како и дека ќе пристигнат два хеликпотери од  договорот со италијанскиот производител „Леонардо“, а потоа на секои три месеци ќе има искпорака и на други хеликоптери.  

Реклама

– Бидејќи имаме нови цели на способност со новиот буџет треба да почнеме да ги проектираме сите процеси за нова опрема за целата Армија, рече Мисјаловски. 

Направен е и нов договор Влада со Влада со САД, за програмата „Клиса“ со што ќе се одвојат 3,5 милиони доари за сите дополнителни резервни делови што се потребни за сите возила од американско производство. Тоа ќе овозможи ставање во функција на многу од старите возила. Ќе се реализираат  и неколку договори од над 20 милиони евра со кои ќе се овозможи со сите земји од НАТО да се прават заеднички симулациски вежби, а ќе се прави и нов центар за крипто заштита од над 6 милиони евра, нови радио уреди за сите операции и мисии, најави  меѓу останатото Мисајловски. 

Како што потенцираше, најголем дел од буџетот за 2026 година ќе биде за модернизација. 

– Ако гледаме дека следната година ќе биде 358 милиони евра – најголем историски буџет, за разлика од оваа година, односно 27,7 милиони евра поголем буџет, но најважно е што најголем дел од овој процент ќе оди за капитални расходи, односно за модернизација. НАТО бара 20 проценти, ние ќе вложиме над 32 проценти, заедно со инфраструктурата што ја работиме се над 47 проценти. Тоа е сериозна сума директно за проекти и модернизација, рече Мисајловски.

Најголем дел од земјите, пред се САД, дополни Мисајловски, бара да се купува оружје од нив, пред се. – Апсолутно, и тоа е така и ние како стратешки партнер апсолутно поддржуваме да купуваме оружје се разбира и од САД, имаме многу договори но и многу заеднички вежби правиме и тоа ќе го  продолжиме. Од друга страна е она за Украина, посебна иницијатива што ја поддржаа најголем дел од земјите, се разбира и ние, но и многу билатерални договори, рече Мисјаловски, потенцирајќи дека паралелно со новите цели на способност мора да ја подобруваме и нашата инфаструктура.

Мисајловски сподели и дека денеска е завршен процесот за  прием на нови 300 професионални војници за што ќе добијат известување. Уверува дека Министерството за одбрана целосно го почитува Колективниот договор со којшто, вели, има многу привилегии, на повисоко ниво и примањата се сериозни. 

– Ќе работам со синдикатите за подобрување на секој сегмент. Би сакал сите вработени да ги задржат правата.  Моја обврска е да обезбедам буџет, ќе има средства и се ќе се исплаќа редовно, а така и ќе се намалат средствата за тужби за што изминатите години се платени 20 милиони евра, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски.