Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Министерството за животна средина и просторно планирање ја лансираше кампањата #ОддржливаИднина

Во чест на Меѓународниот ден на животната средина, Министерството за животна средина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во чест на Меѓународниот ден на животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ја организираше својата прва годишна конференција „Заедно за оддржлива иднина“, каде официјално го промовираше новиот комуникациски концепт #ОддржливаИднина.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, истакна дека настанот не е симболичен, туку работен, инклузивен и стратешки, со цел да ја постави животната средина како врвен приоритет во националните политики.

-Оддржливата иднина не е само кампања – тоа е нашата филозофија на управување со ресурсите, системските реформи и вклучување на сите граѓани во заедничка мисија, истакна министерот.

Реклама

На конференцијата се одржаа две панел дискусии со учество на претставници од академијата, институциите, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата,едната посветена на заштита на природните ресурси,а другата за оддржлво управување со отпадот.

Во рамки на конференцијата беа презентирани и шест клучни интервенции во националната политика за животна средина: Чиста Вода за секој граѓанин, Природа без диви депонии, Преспа2035, Охрид – Езерото што повикува на одговорност, Законодавство што ја става природата на прво место и ЕкоСвест –Програма за подигнување на јавната свест и зелена едукација, со активности во училишта, медиуми и заедници низ целата држава.

Министерот упати отворена покана до сите заинтересирани страни – граѓани, општини, компании, училишта – активно да се вклучат во реализацијата на #ОддржливаИднина, со јасна порака: само заедно можеме да изградиме оддржлива иднина!

Претставничката на УНИЦЕФ во Македонија Лесли Милер изјави дека преку партнерството со Министерството за животна средина и просторно планирање и со Министерството за образование и наука постигнавме извонредни резултати.

– Заедно, изработивме нови наставни програми и учебници за основно и средно образование, и втемеливме учење за климата и животната средина во сите предмети. Започнавме воведување препораки за квалитетот на воздухот во училиштата, а минатата година, Владата усвои протокол за училиштата за постапување во време на топлотни бранови, рече Милер.

На настанок ученици и наставници од основни и средни училишта ширум државата кои се дел од програмата GLOBE и од мрежатаа за искуствено учење претставија нивни вештини во делот на истражување на квалитетот на воздухот, водата, почвата и биосферата.