Реклама

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Македонија

Министерството за здравство одбра компанија за набавката на нова компресорска станица на Клинички

Хирушките сали на Клинички конечно ќе добијат кислород. Министерството за здравство одлучи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хирушките сали на Клинички конечно ќе добијат кислород. Министерството за здравство одлучи дека поволна е понудата за инсталирање на нова компресорска станица на фирмата Винора ДООЕЛ – Скопје. Оваа е единствената компанија што се пријави на вториот тендер за набавка, монтажа и пуштање во работа на системот за компримиран воздух кој ќе ги снабдува сите клиники. По периодот на жалба, ќе биде потпишан и договорот информираат од Министерството за здравство.

Рокот за инсталирање на новите пумпи за кислород е четири месеци.Тоа значи дека на почетокот на 2025 година операционите сали ќе почнат нормално да функциониораат. Проценетата вредност на набавката е над 18 милиони денари, односно 300 илјади евра.

Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од четири месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот огласвелат од Министерството за здравство.

Реклама

Според Таравари проблемот со операционите сали бил надминат со користењето надворешни компресори и повеќето клиники добро функционирале.

Инаку,целиот терет од долгото неработење на хируршките сали на Клиничи падна врз вработените во ГОБ 8 ми септември и Старата градска болница, кои ги одложија веќе планираните операции за да ги прифатат итните пациенти, не само од Скопје туку и од другите градови.

Хаваријата со хирушките сали се случи пред пет месеци, иако пред три години од Заеднички служби било алармирано дека треба да се промени компресорската станица тогашниот министер за здравство Венко Филипче тоа не го направил.

Ања Лукарова