Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Министерството за спорт плива во сигурни води во интерес на македонскиот спорт

Министерството за спорт во изминативе десет месеци најави и ќе ги заврши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за спорт во изминативе десет месеци најави и ќе ги заврши сите оние базени почнати пред четири и повеќе години од тивкиот коалиционен партнер на Левица – Артан Груби и СДСМ.
Во наредниот период ќе продолжиме и со изградба на базенот во Охрид којшто е почнат пред девет години како и со изградба на другите почнати и оставени објекти од претходната власт која баш и не мислеше многу на македонскиот спорт и на спортистите дали имаат каде да пливаат, да трчаат, да тренираат, да се натпреваруваат и правилно да се развиваат и да напредуваат.
Со оваа Влада и со ова Министерство за спорт од неговото формирање во изминативе десет месеци изградивме повеќе од 20 мултифункционални игралишта низ цела Македонија, ја реконструиравме спортската салата во Радовиш, во тек е целосна реконструкција на салата „Расадник“, а до крајот на летото ќе започнеме и со изградба на уште две спортски сали.
И затоа ваквиот лош обид за театар и манипулација со јавноста од „приврзокот“ на Артан Груби и опозицијата, нема основа и нема да помине.
Воедно, после 20 години „пливање во матно“, ова Министерство за спорт успеа да го реши проблемот со Националната пливачка федерација и е во фаза, конечно по долги години, сметката на Федерацијата да биде одблокирана.
По повеќе од 20 години, Министерството за спорт го понесе товарот за организација на Државното првенство во пливање и за настапот на македонските пливачи на Меѓународниот младински пливачки митинг (Multination Youth Swimming Meet), и комплетно ги покри трошоците.
А, што се однесува до посочените проблеми со базенот во СЦ „Борис Трајковски“ и со неуспешниот обид да се префрли топката на Министерството за спорт, Левица го достигна врвот покажувајќи основно, елементарно непознавање на работите во спортот. Спортскиот центар „Борис Трајковски“, за ваша информација, си има свои органи на управување, свој директор и е комплетно независен од Министерството за спорт, што значи дека ние како Министерство немаме никакви ингеренции над базенот кој функционира во склоп на овој спортски центар.
Министерството за спорт ќе продолжи посветено да работи на решавање на сите проблеми во спортот и како одговор на ваквите неуспешни обиди за манипулација, ние ќе одговориме со уште нови проекти – изградба на базени, мултифункционални игралишта, атлетски патеки, нови спортски сали, сѐ во функција на спортот и на спортистит.
Министерството за спорт и Владата остануваат посветени на создавање на подобри услови за македонските спиортисти, издигнување на македонскиот спорт и градење на здраво општество.