Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Министерството за правда ќе го испрати предлогот за разрешување на Коцевски во Советот на обвинители

Нарушен углед и функционалност на Јавното обвинителство, низа скандали, незаконски постапувања и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нарушен углед и функционалност на Јавното обвинителство, низа скандали, незаконски постапувања и корупција, неефикасност и повреда на принципите и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите –  Министерството за правда ги подготвува аргументите со кои бара разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски.

Во најбрз можен рок, предлогот ќе биде испратен до Советот на јавните обвинители, кои ќе имаат рок од 15 дена да се произнесат. Доколку во тој рок обвинителскиот совет, поради оправдани причини не го достави мислењето до Владата, имаат време уште 15 дена да кажат дали републичкиот обвинител сторил тешка дисциплинска постапка. Ако воопшто не одговорат на предлогот на Илинденска, процесот за разрешување на Коцевски продолжува во Собранието, каде извесно е дека пратениците ќе го разрешат. Премиерот Мицкоски го повика Коцевски сам да си поднесе оставка за да ја скрати процедурата, а републичкиот обвинител рече прво ќе ги разгледа аргументите поради кои се бара негово разрешување и доколку смета дека сторил тешка дисциплинска постапка ќе си замине. Во спротивно ќе ја чека одлуката на политичарите.