Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Рамиз Мерко

За незаконско поставување на директори, министерството за образование му ги одзеде ингеренциите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За незаконско поставување на директори, министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Рамиз Мерко над две основни училишта и тоа во Дрслајца и Подгорци.Организираниот образовен криминал го седна струшкиот градоначалник на обвинителна клупа.Против него моментално се водат судски процеси за несовесно работење и прекршување на законот затоа што поставил несоодветни директори на 4 училишта,меѓу кои и она во Подгорци. Таму на два пати за в.д директор било поставено лице, кое не само што не било од редот на вработените,туку имал и несоодветно образование, односно бил ветеринарен техничар. Па така од штала дирекно седнал во директорска фотеља,а во меѓувреме се здобил и со диплома од Меѓунарониот универзитет во Струга.

Одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга над две основни училиште -„Св. Климент Охридски“ во Дрслајца и „Гоце Делчев“ во Подгорци, по основ на нереализирани обврски кои произлегуваат од закон – ненавремено објавување огласи за избор на директори и именување на директори кои не ги исполнуваат условите за вршење на должноста. На двете училишта поставени се нови в.д. директори.

Од ресорното министерство нема прецизен одговор дали Мерко целосно ќе ги изгуби ингеренциите во образованието со оглед на тоа што против него се редат кривични пријави, последните случај се однесуваше занезаконско поставување на директор во училиштето во Радолишта.

Реклама

“Се надеваме дека и во други училишта ќе бидат одземени ингеренциите,бидејќи и на неколку места се забележани сериозни неправилности “-вели Никола Кукунеш-ВМРО ДПМНЕ Струга”

Инаку како течат судењата,се обелоденува на кој начин со амин на Мерко во спорните училишта биле поставени директори без потребното работно искуство, некои од нив без високо образование и без лиценца за директор. Во Лабуништа наместо да именува директор од редот на вработените, Мерко донел образовен асистент од ресурсниот центар во Битола,ја вдомил најпрвин како психолог,а само по една недела ја унапредил во директор.Специфичен е случајот со Велешта,своевремено тогаш актуелната директорка Егзона Шеи која не ги исполнувала условите за наставник, а камоли за директор,вршела и мобинг. Јавното обвинитество ја сомничи дека приложила 3 фалсификувани исправи кои ги користела за полагање стручен испит во државниот испитен центар.

Росица Голабоска