Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Економија

Министерството за финансии: Трицифрен раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

Висок раст на реализација на капитални инвестиции од 179,7 отсто е остварен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Висок раст на реализација на капитални инвестиции од 179,7 отсто е остварен во првите два месеца од оваа година. Во согласност со податоците за реализација на буџетот заклучно со 27 февруари, во првите два месеца од 2026 година реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари, што претставува раст од 179,7 отсто, или во апсолутен износ во двата месеца од оваа година, во споредба со двата месеца од 2025 година, има повисока реализација на капитални инвестиции во износ од 5,2 милијарда денари – информираат од Министерството за финансии (МФ).

Како што нагласуваат, во буџетот за 2026 година капиталните расходи се проектирани на износ од 40,1 милијарди денари. Планирани се реализација на инфраструктурни проекти, енергетски, капитални проекти од областа на сообраќајот, комунална и локална инфраструктура за подобрување на условите за живеење на граѓаните. Исто така, со буџетот е планиран износ од 2,1 милијарди денари за реализација на капитални проекти во општините.

– Од планираните 40,1 милијарда денари, во првите два месеца реализирани се 8,1 милијарди денари или 20,12 отсто од предвиденото. Имено, реализацијата на буџетот во првите два месеца од годината е во согласност со планираното – соопшти Министерството за финансии.