Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Царинската управа: Сопственик на златарница се обидел преку граница да шверцува златен накит вреден 4 милиони денари

Царинскитеслужбеници на граничниот премин Богородица откриле и заплениле златен накит вреден 4…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинскитеслужбеници на граничниот премин Богородица откриле и заплениле златен накит вреден 4 милиони денари кај патник од Тетово, сопственик на златарница, кој се обидел да го прошверцува во перница за врат додека се враќал со автобус од Истанбул. Против сторителот е поднесена кривична пријава за кривично дело шверцување. 

Царинската управа соопшти дека кривичното дело е откриено при контрола на автобус, кој сообраќал на релација Истанбул – Гостивар.

– На прашањето дали имаат нешто да пријават, ниеден од патниците не пријавил стока за царинска контрола по што е извршен детален преглед. Притоа во внатрешноста на перницата за врат што ја носел осомничениот се откриени 77 парчиња златен накит со тежина од 612 грама – соопшти Царинската управа. 

Реклама

Управата посочува дека во предистражната постапка на Одделението за истраги се обезбедени докази дека тетовецот имал намера златниот накит што го купил од златарска работилница во Истанбул нелегално да го пренесе во државата и да го продава во својот златарски дуќан. 

– Царинската управа продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија – се наведува во соопштението