Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

ВРЕДИ: Платите растат како резултат на новите економски политики

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот на економските политики на Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрувањето на животниот стандард е во центарот на економските политики на Владата предводена од ВРЕДИ. Растот на платите и создавањето услови за подобар живот означуваат нов економски курс, за разлика од периодот на владеење на СДСМ-ДУИ, кога растот на приходите беше значително помал – стои во соопштението на ВРЕДИ.

Просечната нето-плата во јули 2026 година достигна 48.499 денари, што претставува зголемување од 7.538 денари, односно 18,4% во споредба со јули 2024 година. Овој раст ја отсликува динамиката на платите во текот на актуелниот мандат и посветеноста на зголемувањето на приходите.

Разликата во однос на периодот на владеење на СДСМ-ДУИ се гледа и преку бројките. Во периодот од јуни 2017 до јуни 2019 година, просечната нето-плата се зголемила за 2.397 денари, односно 10,51%. Во периодот јули 2024 – јули 2026 година, номиналниот раст е повисок за 7,89 процентни поени.

Реклама

Со години, економскиот раст не се одразуваше врз приходите во мерата што ја очекуваа семејствата. ВЛЕН се залага преку политики што ги поддржуваат трудот и економскиот развој да се создадат повеќе можности и поголема финансиска сигурност за семејствата.

Целта на Владата е зголемување на приходите, отворање работни места со повисоки плати и создавање услови за подобра иднина во земјата.

За ВЛЕН, подобрувањето на животниот стандард останува секојдневен приоритет, а не само политичко ветување.