Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Економија

Министерство за економија и труд: Официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, ценовните движења се стабилни

Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновите официјални податоци од Државниот завод за статистика покажуваат дека во јули 2026 година инфлацијата на месечно ниво изнесува 0,1 проценти, што потврдува дека ценовните движења остануваат стабилни, без значителни шокови на пазарот, истакнуваат од ресорното министерство и додаваат дека официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки.

-Министерството за економија и труд и понатаму внимателно ги следи движењата на цените преку официјалните статистички податоци, но и преку анализите на набавните и продажните цени и бруто-профитните маржи. Паралелно, Државниот пазарен инспекторат продолжува со редовни и засилени инспекциски контроли за да се спречат евентуални злоупотреби и неоправдани поскапувања. Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, бидејќи ценовните движења се стабилни, а кај најзначајната категорија – храната – веќе втор месец по ред се бележи намалување на цените, велат од Министерството.

Сепак, додаваат, Владата останува целосно посветена на заштитата на животниот стандард на граѓаните.

Реклама

-Доколку се појават нови неоправдани ценовни шокови или нарушувања на пазарот, ќе реагираме навремено и ќе ги искористиме сите механизми што ни стојат на располагање за обезбедување фер пазарни услови и заштита на потрошувачите, порачуваат од Министерството за економија и труд.

Според нив, особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец.

-Ова е втора последователна месечна корекција кај оваа категорија и претставува позитивен сигнал, имајќи предвид дека токму храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните. Зголемувањето на трошоците на животот во јули главно произлегува од сезонски движења, пред сè кај транспортот, каде е регистриран раст од 4,4 проценти, како и кај рекреацијата, спортот и културата, кои традиционално бележат повисока потрошувачка во летниот период, прецизираат од Министерството з аекономија и труд.

На годишно ниво,додаваат, инфлацијата изнесува 2,3 проценти, додека цените на мало се повисоки за 1,8 проценти во однос на јули минатата година. Тоа, како што посочуваат, претставува значително поумерено ниво на инфлација во споредба со периодите кога државата се соочуваше со силни ценовни притисоци предизвикани од глобалната енергетска и ценовна криза.