Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Министерски состанок во Атина: Енергетската безбедност, достапноста и отпорноста се заеднички европски и регионални одговорности

Во време на континуирана геополитичка неизвесност и нестабилност на глобалните енергетски пазари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време на континуирана геополитичка неизвесност и нестабилност на глобалните енергетски пазари, министрите потврдија дека енергетската безбедност, достапноста и отпорноста повеќе не се само национални приоритети, туку заеднички европски и регионални одговорности. Истакнаа дека ЈИ Европа треба да има поактивна улога во обликувањето на идната архитектура на европскиот енергетски систем преку подлабока соработка, посилни интерконекции и поголема интеграција на пазарите, пишува во заедничко соопштение на министрите за енергетика од Грција, Македонија, Бугарија и Србија по денешниот состанок.

На првата квадрилатерална средба одржана денеска во Атина, министрите за енергетика разговараа за иднината на регионалната енергетска соработка и поврзаност во Југоисточна Европа.

– Учесниците ја потврдија нивната заедничката амбиција да работат кон поинтегрирана, поотпорна и понапредна регионална енергетска рамка, усогласена со пошироките цели на европската енергетска унија. Тие се согласија дека Југоисточна Европа може и мора да стане столб на стабилност, соработка и стратешка поврзаност за поширокиот европски континент, пишува во заедничкото соопштение.

Реклама
Проширување на Вертикалниот коридор со нашата земја и Србија, енергетската поврзаност и енергетската безбедност во регионот, како и зајакнување на регионалната соработката, беа во фокусот на

Се осврнале и на „значителниот напредок постигнат во Европа во последните години во зајакнување на енергетската безбедност, диверзификација на рутите за снабдување и забрзување на енергетската транзиција“, но и нагласиле дека сè уште постојат важни предизвици, особено во гарантирањето дека сите европски региони „ќе имаат подеднаква корист од вистински интегрирана, поврзана и конкурентна енергетска унија“.

– Во овој контекст, министрите ја истакнаа стратешката важност на регионалната соработка меѓу соседните земји како катализатор за унапредување на инфраструктурната поврзаност, интеграцијата на пазарот на електрична енергија и гас, флексибилноста на системите и безбедноста на снабдувањето. Тие ја поздравија поблиската координација меѓу операторите на преносните системи и ги охрабрија сите релевантни чинители да ги интензивираат напорите за отстранување на преостанатите бариери за прекугранична интеграција и за олеснување на инвестициите во клучната енергетска инфраструктура, пишува во соопштението.

Дополнително, министрите разговарале и за влијанието на ситуацијата на Блискиот Исток врз меѓународните енергетски пазари, при што ја истакнаа важноста на координирано дејствување за зајакнување на отпорноста кон прекини во снабдувањето и нестабилност на цените, а нагласија и дека подобрената регионална поврзаност придонесува „не само за енергетска безбедност, туку и за ценовна стабилност, конкурентност и успешна интеграција на обновливите извори на енергија“.

Состанокот, прв од ваков тип, се одржа претпладнево во Националниот музеј на современа уметност во Грција, на покана на грчкиот министер за енергетика и животна средина Ставрос Папаставру, со учество на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, министерката за енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, заменик-министерот за енергетика на Бугарија Кирил Темелков, заменик-министрите за енергетика на Грција и Србија, а присуствуваа и раководителите на надлежните оператори на системите за пренос на електрична енергија и природен гас од четирите земји.

По состанокот, што траеше околу два часа, министрите ја нагласија важноста и на самата средба, но и на регионалните енергетски проекти, а се согласија да се институционализира квадрилатералната министерска средба, што наизменично ќе се одржува во сите земји, а следниот состанок ќе се одржи во септември во Белград. 

Министрите на четирите земји го посетија и терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Ревитуса во близина на Атина.