Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Прилози

Министерот за правда реагираше: Судијката Даниела Алексовска Стојаноска разрешена од Игор Филков

По жестоката реакција на јавноста за трагедијата со младата Фросина Кулакова, судијката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По жестоката реакција на јавноста за трагедијата со младата Фросина Кулакова, судијката Даниела Алексовска Стојаноска кон која е насочен гневот на јавноста е разрешена од работната група за измените во кривичниот законик. Министерот за правда го презеде првиот чекор и ја санкционира судијката која пресудила дека 20 годишниот Васил Јованов место да биде во притвор со пресуда за трговија со дрога го пуштила на слобода до правосилност на пресудата…

Гневот на јавноста го разбуди и судскиот совет кој исто така ќе ја стави под лупа нејзината работа. Претседателот на Судскиот совет не сака да избрзува со коментари, но порачува дека евентуалните пропусти ќе бидат санкционирани:

Обвинителството ќе ги проверува сите аспекти на случајот. Васил Јованов ја прегази Фросина на пешачки премин, минувајќи со огромна брзина на црвено, возејќи без возачка дозвола и со алкохол во крвта.

Реклама

-Во случај на прекочорување на брзината на возење, полицијата откако ќе констатира и и ќе утврди може да поднесе прекршочна пријава и таа постапка оди директно во судот. Ве уверувам граѓаните дека навистина Обвинитеслтвото ќе постапи најпрофесионално и ќе донесе јавнообвинтелска одлука, а понатаму е на судот, изјави Коцевски.

Најголемата болка е кај семејството, таткото на Фросина реагира дека надлежните се обиделе да ја сокријат целата вистина за овој случај.

Сестрата на трагично загинатата Фросина, побара одговорност и од судијката, но и од семејството на Васил Јованов.

20 годишниот Васил Јованов кој смртно ја прегази 22 годишната Фросина, претходно имал пресуда да оди во поправен дом, но со одлука на судијката Даниела Алексовска Стојановска, бил пуштен до правосилност на пресудата да биде на слобода.

Матеја Петровски