Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Министерот за одбрана со почит до бранителите и нивните семејства како вистински херои на Македонија

Бранителите и нивните семејства се нашите вистински херои, вели министерот за одбрана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бранителите и нивните семејства се нашите вистински херои, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој присуствуваше на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и претставниците на Здружението „Херои на Македонија“.

-Голема почит за секој татко, мајка, сопруга и дете на нашите бранители. Вашата сила е нашата инспирација. Денеска имав чест да ги посетам и присуствувам на заеднички ручек со семејствата на загинатите бранители и претставниците на Здружението „Херои на Македонија“, каде што како министерство за одбрана оваа година ги помагаме семејствата со тоа што организиравме бесплатен одмор во одморалиштето „Св. Стефан“ во Охрид.
Разговаравме со семејствата и дадов уверување дека активно ќе се залагам за интензивирање на помошта и поддршката кон семејствата на загинатите бранители, затоа што жртвата која македонските херои ја дадоа за нашата татковина нè задолжува да направиме сè што е во наша надлежност да им излеземе во пресрет за нивните барања и потреби.
Да се гордееме на бранителите и да се огледаме на нивната недвосмислена решителност за одбрана на Македонија.

Тоа е вистинска љубов кон Македонија!, пишува Мисајловски на Фејсбук.