Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Министерот Сали на министерски состанок за спроведување на механизмот за приспособување на јаглеродната граница

Министерот за европски прашања Беким Сали учествуваше на министерски онлајн-состанок посветен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања Беким Сали учествуваше на министерски онлајн-состанок посветен на механизмот за приспоосбување на јаглеродната граница (CBAM) организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за овој механизам, кој стапи во сила од 1 јануари годинава. 

Сали, како што соопшти Министерството за европски прашања, ја истакна посветеноста на нашата држава кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ додавајќи дека Владата во јануари годинава го усвои нацрт-законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.

Министерот посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.

Реклама

– Во однос на CBAM, министерот истакна дека Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија – информира Министерството за европски прашања.

Сали повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.