Реклама

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Македонија

Министерот Ристовски и градоначалникот Јанков го предадоа во употреба мултифункционалното игралиште во струмичката гимназија

Министерот за спорт, Борко Ристовски, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, денеска го предадоа во употреба мултифункционалното игралиште во Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица.

Според министерот Ристовски, во државата се отворени многу мултифункционални игралишта и сега во Струмица, зашто, како што рече тој, „со години Струмица беше запоставувана и не се градеа такви игралишта, кои се од големо значање и за учениците и за сите што сакаат да се рекреираат“.

– Министерството за спорт се одлучи во одлична соработка и комуникација со градоначалникот и директорката да го реконструираме , нормално, да го предаме во употреба на училиштето и на сите ученици и рекреативци што ќе сакаат да го користат. Без добра координација, нормално, не може да се заврши ниедна работа како што треба – рече министерот Ристовски.

Реклама

Градоначалникот Јанков истакна дека е поставена модерна полипропиленска подлога, нови спортски реквизити за кошаркарското, фудбалското и за одбојкарското игралиште, има соодветно оградување на просторот меѓу фудбалското и кошаркарското игралиште и е поставена трибина. 

– Наше е, заедно Општината и ЈП „Паркиралишта Струмица“, да извршиме и дополнително осветление на овој спортско-рекреативен центар за да може граѓаните да го користат и во ноќни услови. Овие игралишта претежно се наменети за учениците на гимназијата, но и за рекреативни потреби на нашите сограѓани. Овде нема да застанеме, ќе имаме реконструкција и изградба на нови училишта како во градот така и во населените места. Изразувам голема благодарност до министерот Борко Ристевски за разбирањето за овој проект и за реализацијата од негова страна – изјави градоначалникот Јанков.

Директорката на Гимназијата, Зорица Витанова, додаде дека мултифункционалното игралиште е од големо значење за училиштето, пред сè, за унапредувањето на наставата по спорт и спортски активности.

– Сега нашите ученици, но и сите млади од општината, ќе имаат место на кое ќе може да ги развиваат своите спортски таленти, ќе може да развиваат силен спортски дух и ќе може корисно и на здрав начин да го поминуваат своето слободно време – рече директорката Витанова. 

Инаку, реконтрукцијата е финансирана од Министерството за спорт во износ од 7 милиони денари со поддршка од Општина Струмица.