Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Министерот Орхан Муртезани на билатерална средба со заменик-претседателот на Владата на Косово, Бесник Бислими

Денес, во рамки на заедничката седница на Владите на Македонија и Косово,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, во рамки на заедничката седница на Владите на Македонија и Косово, што се одржа во Приштина, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, одржа билатерална средба со Заменик-претседателот на Владата на Република Косово, Бесник Бислими, задолжен за европска интеграција, развој и дијалог.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката во процесот на реформите и приближувањето кон Европската Унија, при што беше нагласена важноста на меѓусебната поддршка и размена на искуства во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди.

Министерот Муртезани ја истакна заложбата на Република Македонија за продолжување на конструктивниот дијалог со Косово, како важен придонес за регионалната стабилност и заедничкиот развој. Во тој контекст, беше потенцирана и улогата на ИПА III програмата за прекугранична соработка (2021–2027), која претставува пример за ефективна меѓусебна соработка насочена кон заштита на животната средина, економски развој и зајакнување на локалните заедници.

Реклама

Двајцата соговорници се осврнаа и на меѓусебната координација во процесот на имплементација на Реформските агенди на двете земји и изразија оптимизам за натамошно јакнење на билатералните односи, со акцент на заедничката посветеност за европските интеграции и остварување на визијата за стабилен, просперитетен и европски Западен Балкан.