Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Министерот Николоски на средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади, соопштија од неговиот кабинет.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолини и Владата на Република Северна Македонија која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјата. Исто така на средбата министерот Николоски го отвори и прашањето за новиот јавен повик за финансиска поддршка за нови дестинации до/од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година. Министерот детално информираше за условите и критериумите од јавниот повик, потенцирајќи го придонесот на авиокомпанијата Визер за развој на патничкиот ависообраќај во изминатиот период. На средбата тој истакна дека јавниот повик е отворен за сите авиокомпании кои се заинтересриани да работат на македонскиот пазар под услови пропишани од јавниот повик, се вели во соопштението од кабинетот на министерот Николоски.

Јавниот повик трае до 7 октомври и во рамките на тригодишната програма предвидено е финансиска поддршка во висина од 360 милиони денари. Покрај другите услови, предвидено е износот на финансиската поддршка да изнесува 9 евра по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 12 евра по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид, додаваат од таму.