Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Министерот Муцунски и раководството на МАСИТ со заеднички активности за стимулирање на извозот

Подобри економски резултати на државата со поголем извоз на стоки и услуги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобри економски резултати на државата со поголем извоз на стоки и услуги и нови инвеститори очекува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од соработката што ја најавува со мобилизација на дипломатско-конзуларните претставништва со стопанските комори.

Муцунски денеска ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ пред чие раководство презентира план на активности и мерки што како Министерство за надворешни работи и надворешна трговија ќе се преземат за стимулирање на извозот, особено на услуги и за привлекување нови инвеститори, со цел подобри економски резултати на државата.

– Имаме концепт во четири точки, кој значи мобилизација на нашите компании, мобилизација на ресурсите на државата во државата, но исто така и нов модел на мобилизација на нашите дипломатско-конзуларни претставништва. Во следниот период ќе продолжиме на дело да ги имплементираме заедно со стопанските комори, со македонските компании, овие мерки и секако се надеваме на подобри економски резултати, кои ќе значат поголема додадена вредност за македонската економија – изјави Муцунски.

Реклама

МАСИТ, како што рече претседателот Јордан Димитровски, ги поддржуваат активностите што ги најавува министерот.

Целите на МАТИС како стопанска комора на ИКТ-индустријата се јасни, што повеќе домашни компании на меѓународните пазари, што повеќе потпишување договори од аспект на додадена вредност на производи и поголем развој на македонските компании од извозна гледна точка, изјави Димитровски.

Посетата на МАСИТ е дел од серијата работни средби што министерот Муцунски ги почна неделава со раководствата на стопанските комори и сродни организации. Претходно, тимот на МНРиНТ беше во посета на организацијата „Македонија 2025“.