Реклама

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Прилози

Mинистерот Љутков загрижен поради последиците од негрижата на минатата власт за институциите од културата

Прокиснати тавани, мувлосани и испукани ѕидови, влага и нечистотија во депоата. Ваква…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прокиснати тавани, мувлосани и испукани ѕидови, влага и нечистотија во депоата. Ваква е состојбата во Музејот на Македонија. Националната установа кој го прикажува македонското културно наследство е оставена на забот на времето.

Изминатите години во објектот ништо не се променило, освен што 30 вработени се пензионирале, а во последните три се вработил само еден човек. Според министерот за култура Љутков, очајната состојба покажува каков бил односот на претходната власт кон културното наследство.

Тој најави темелна реконструкција на Музејот. Проектниот план е веќе подготвен.

Реклама

„Она што е шокантно за мене, а тоа е галеријата на икони кои што е заштитена како посебно значење од прва категорија од прв степен, всушност по земјотресот во 2016 година кога имало проблеми со кровот и со протекување, таа постановка морала да биде преместена и ставена во депоата и да се чува во несоодветни услови. Исто така и депоата се во многу лоша состојба“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Последната интервенција и реконструкција била направена во 2010 година и оттогаш ништо не е превземено за да се подобрат условите за вработените во Музејот. Министерството за култура и туризам веќе е во постапка за добивање на одобрение за градба со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот .

„А за темелна реконструкција на другиот дел од објектот во следниот период ќе следува тендер со повеќегодишна јавна набавка и убеден сум дека со реализација на сите фази од проектот, конечно ќе добиеме музејска институција по сите стандарди“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Љутков рече дека ништо подобра не е состојбата ни со другите институции, а последен во низата проблеми го посочи случајот со Драмски, кој прокисна пред месец дена при најмал дожд.

Во наредниот период експерти во Министерството за култура ќе поднесенат предлози до владата со цел да не се случат поголеми штети во културните објекти,  рече Љутков кој додаде дека во изминатите седум години не се направило ништо ни во делот на туризмот.

Во моментов тие се во фаза на превземање од Министерството за економија, а се очекува процесот да заврши до крајот на годината.

Љубиша Владимиров