Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Министерот Андоновски во работна посета на Литванија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во наредните два дена ќе оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во наредните два дена ќе оствари официјална посета на Вилнус, Република Литванија.

Посетата е на иницијатива на Амбасадата на Република Литванија во Македонија и ќе се одвива според исклучително динамична агенда, која опфаќа средби на високо ниво и состаноци со државни институции надлежни за дигитализација, иновации и сајбер-безбедност.

На првиот ден од посетата, министерот Андоновски ќе оствари средба со Едвинас Грикшас, министер за економија и иновации на Република Литванија. Во рамки на престојот, министерот ќе оствари средби и со замениците-министри за надворешни работи и за национална одбрана на Литванија.

Реклама

– Посетата на министерот Андоновски уште еднаш ги потврдува добрите односи меѓу двете земји, како и неодамнешната одлука на Владата за отворање на наша Амбасада во Вилнус. Амбасадата ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во политичката, економската, културната, конзуларната и во другите сфери од заеднички интерес – се посочува во соопштението од неговиот Кабинет. 

Република Литванија е меѓу најактивните членки на Европската Унија и НАТО во доменот на безбедносните политики и политиката на проширување на Унијата, како и држава која континуирано го поддржува процесот на европска интеграција на Македонија.