Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Министерот Љутков утрово на Кокино, го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица

На денот на летната долгодневица, рано утрово министерот за култура и туризам Зоран Љутков присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите. На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денот на летната долгодневица, рано утрово министерот за култура и туризам Зоран Љутков присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите.

На настанот, организиран од Музејот во Куманово, покрај министерот Љутков, присуствуваа и директорката на Музејот во Куманово, Марија Живачки, градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Мирослав Славковски, археологот Дејан Георгиевски, пратеникот Бране Петрушевски, директорот на Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски, како и бројни гости и посетители.

Локалитетот Кокино, стар околу четири милениуми, претставува едно од најзначајните археолошки и археоастрономски наоѓалишта во Македонија. Токму овде древните жители внимателно ги следеле движењата на Сонцето и небесните тела, оставајќи сведоштва за нивното извонредно познавање на природните циклуси и нивната улога во секојдневниот живот и духовната култура.

Реклама

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино. Токму оваа уникатна поврзаност на природата, науката и културното наследство му дава исклучителна вредност на локалитетот.

– Посетата е дел од активностите на Министерството за култура и туризам насочени кон афирмација и промоција на културното наследство, како и кон подготовките за одбележување на значајниот јубилеј – 25 години од откривањето на Кокино, кој ќе биде одбележан во 2026 година со повеќе научни, културни и промотивни настани. Министерството за култура и туризам останува посветено на зачувувањето, валоризацијата и промоцијата на културното наследство како темелна вредност на националниот идентитет и значаен потенцијал за развој на културниот туризам, велат од ресорното Министерство.