Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска, на средби со челници во Вашингтон со ММФ и Светска банка

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, од денеска до 26 април престојува во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, од денеска до 26 април престојува во работна посета на САД. Како што соопштија од Министерството за финансии, за време на престојот, Димитриеска-Кочоска на покана на македонските здруженија во Чикаго ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора, која живее и работи во овој дел од САД, а од 22 април ќе учествува на редовните пролетни средби на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка.

Во рамки на пролетните средби, кои се одржуваат во Вашингтон, таа ќе оствари средби со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд, на Светската банка, со претставници на Трезорот на САД, како и со повеќе меѓународни финансиски институции.

„На состаноците ќе бидат претставени мерките и политиките на Владата за одржување на макроекономската стабилност и реформски процеси за унапредување на управувањето со јавните финансии“, се наведува во соопштението на Министерството.