Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Економија

Министерката Божиновска ќе учествува на енергетскиот форум во Атина по покана на американскиот секретар за енергетика Рајт

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по официјална покана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, по официјална покана од секретарот за енергетика на САД, Крис Рајт, ќе учествува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина.

Настанот, како што соопштија од Министерството, го организира Владата на САД во соработка со грчкото Министерство за енергетика и претставува една од највлијателните платформи за енергетска соработка меѓу Европа и Северна Америка.

Форумот ќе го отвори американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, заедно со грчкиот министер за енергетика Ставрос Папастравру, а на програмата ќе учествуваат водечки личности од глобалниот енергетски сектор, претставници на меѓународни институции и енергетски компании.

Реклама

Во рамки на посетата министерката Божиновска ќе има и средба со секретарот за енергетика на САД, на која ќе се разговара за можности за продлабочување на енергетската соработка, инвестиции во регионални енергетски коридори.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска ќе присуствува и на прием организиран од Амбасадата на САД во Атина, на покана на амбасадорката Кимберли Гилфојл, во чест на американските секретари за внатрешни работи и енергетика и нивните тимови кои престојуваат во Грција како дел од програмата на P-TEC.

P-TEC форумот опфаќа теми како енергетската безбедност, нуклеарната технологија, инфраструктурното финансирање, природниот гас како нова карта на енергетска поврзаност во Европа и трансформацијата на енергетските системи во ерата на вештачката интелигенција.

-Учеството на министерката Божиновска на овој форум е потврда за зголемениот интерес и позиционирање на Македонија во рамките на трансатлантските енергетски иницијативи, како и за континуираниот ангажман на Владата во насока на јакнење на енергетската стабилност, диверзификација на изворите и пристапот до нови технологии и инвестиции, стои во соопштението.