Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Министер, градоначалник, опозиција, власт, опозиција, власт, па пак опозиција- кој е кандидатот за претседател Арбен Таравари?!

Министер, градоначалник, власт, опозиција, па пак власт, па пак опозиција. Тоа е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министер, градоначалник, власт, опозиција, па пак власт, па пак опозиција. Тоа е Арбен Таравари, кандидатот за претседател на здружената албанска опозиција „Вреди“. Стана познат во јавноста во јуни 2017-та година. Тогаш во Владата на Зоран Заев ја доби позицијата министер за здравство. Остана само неколку месеци, во ноември истата година, кога стана градоначалник на Гостивар. Тогаш се скара со Зоран Заев, бидејќи СДСМ не го поддржа него на локалните избори, туку Невзат Бејта и ДУИ.

Неговиот краток министерски мандат ќе остане запаметен по ветувањето дека ќе го изградел новиот Клинички центар, од кој по седум години нема ниту темели, а кога дојде на позицијата веќе почнат и потпишан проект за нов клинички, од страна на ВМРО ДПМНЕ со италијанска компанија на постојната локација за околу 80 милиони евра. 

-Нашиот став како Влада и како Министерство за здравство сакаме да вложиме повеќе со наши пари.Еднаш за 40-50 години да направиме асален Клинички центар, кажа поранешниот министер за здравство Арбен Таравари.

Реклама

По напуштањето на здравство, Алијанса замина во опозиција, на истиот став останаа и по парламентарните избори во 2020-та. Тогаш не штедеше критики за коалиционите партнери СДСМ, а особено ДУИ. Кажа дека тие немале кредибилитет да зборуваат за големи идеи и било апсурд да се учествува во Влада со нив.

-Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот – изјави Таравари на 14 август 2020 година во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.

Во 2021-та сметаше дека Али Ахмети не е добар со здравјето.

-Јас мислам дека Али Ахмети има вистински здравствени проблеми и му посакувам што поскоро да има успешна пензија бидејќи за месец два ќе отиде таму каде што треба“, посочи Арбен Таравари во октомври 2021 година.

Ставовите на Таравари се променија во 2023-та кога реши повторно да влезе во Владата. Ги спаси СДСМ и ДУИ, чие мнозинство висеше на конец и беа блиску до заминување во опозиција.

-Се надевам дека деновите што се пред нас ќе ги отвориме и кадровски решенија, генерално се задржавме да речам цело време во програмските определби на нашата партија и Владата кои што треба да ги истераме заедно, изјави Таравари.

По ова се смени и ставот на Таравари и околу лидерот на ДУИ. Докторот веќе не го дијагностицираше за него петходно болниот Ахмети, не бил негов пациент, па не можел да коментира, а политачарите говореле такви работи по некогаш.

-Во политиката, одвреме-навреме се критикуваме еден со друг, кажуваме понекој збор, што може да биде навредлив. Јас не гледам овде некаков навредлив збор за Ахмети. Имав кажано дека од далечина се гледа оти не е добар со здравјето. Но, тој не е мој пациент, треба да кажат лекарите, ако направи контрола и ако има проблем. Ако нема, тогаш немам што да кажам“, рече Таравари.

Кога реши повторно да се приклонува кон опозицијата, иако се уште беше во власта, се правдаше дека бил опозиција внатре во Владата на СДСМ и ДУИ.

-Ние одлучивме пред осум- девет месеци, по барање на повеќе релевантни фактори, да оневозможиме 2023-та да се одржат парламентарни избори и да се даде шанса на уставните промени, т.е. на започнувањето на преговори со ЕУ. И ние да бидам чесен до крај ризикувавме од нашиот кредибилитет, влеговме во една Влада во која секојдневно имаше разно разни скандали, изјави Таравари.

Таравари сега како кандидат за претседател ветува повеќе работи. Ќе работел на европската иднина на државата, ќе го помагал спортот, а ќе работел и на подобрување на условите во здравството.

-Ние исто така ќе се фокусираме на децентрализација на здравството, да се направат клинички центри.

Таравари официјално пак ја напушти власта и замина во опозиција, кога беа сменети министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити, кои останаа дел од неговото крило по разделувањето со Зијадин Села. После тие случувања, Алијанса речиси целосно со распадна, на два посебни конгреси беше поддржан Таравари да остане претседател на партијата, а Зијадин Села пак за нов претседател на истата партија, кој по дуска одлука го доби партискиот печат. Првиот потоа реши да замине со здружената албанска опозиција, чиј кандидат за претседател стана, додека пак Села отиде во коалиција со ДУИ и Али Ахмети.

Матеја Петровски