Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Минимален интерес меѓу дебрани за осигурување на недвижен имот

Во Општина Дебар, владее минимален интерес кај сопствениците за осигурување на нивниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Дебар, владее минимален интерес кај сопствениците за осигурување на нивниот недвижен имот, што го потврдува  податокот дека со децении само мал дел од сопствениците на станови и куќи направиле соодветно осигурување. 

Како што беше истакнато на седница на Советот на општината, при разгледувањето на Извештајот за активностите на Територијалната противпожарна единица, проблемот бил евидентен и во текот на минатата година, кога од 117 интервенции на единицата, само 2 проценти од оштетените имоти биле осигурени. Овој минимален процент важи и за приватниот и за општествениот сектор.

-Оваа ситуација не е во ред, бидејќи штетите се големи, а засегнатите не добиваат надомест, бидејќи нивните имоти се неосигурени. Ова се случува со години. Се обидовме да го информираме населението за потребата од осигурување на куќи, станови и друг недвижен имот, но тоа не се случува. Само минатата година, во 114 интервенции, материјалната штета достигна 137 илјади евра. Бидејќи објектите беа главно неосигурени, штетите не се надоместени,  рече Џетан Мифтароски, командир на ТППЕ.

Реклама

Дека интересот за осигурување на недвижности, како во градот, така и во селските населени места, продолжува да биде многу низок, потврдуваат и претставниците на осигурителните компании што делуваат во градот.

Со оние со кои разговаравме велат дека оваа состојба е ваква повеќе од три децении иако, според нив, условите што ги нудат се поволни.