Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод празникот Свети Сава, еден од најзначајните духовни и културни празници на српската заедница.
Во честитката Минчев истакна дека ликот и делото на свети Сава претставуваат трајна инспирација за мудрост, духовност и посветеност кон заедничките вредности.
Тој нагласи дека празникот е потсетник за значењето на традицијата, меѓусебното почитување и соживотот како темели на инклузивно и мултикултурно општество, посакувајќи мир, сплотеност и напредок за сите.
