Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Минчев: Со широка дебата и без брзање до долгорочно решение кое ќе го замени „Балансерот“

Широка дебата за сите засегнати страни, а не брзо законско решение кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Широка дебата за сите засегнати страни, а не брзо законско решение кое може да падне на Уставен и повторно да нема решение за правичната застапеност на сите етнички заедници во администрацијата. Ова го порача министерот за јавна администрација Горан Минчев во врска со укинувањето на балансерот, алатката за вработување во државниот сектор според нациoнална припадност. Тој е дециден дека решение сигурно ќе има бидејќи правичната застапеност во институциите е уставна категорија која мора да се почитува.

Во првите 100 ден аод мандатот на новата Влада, Министерство за јавна администрација изготвило  стратегија и направени се  конкретни чекори за реформи во  јавниот сектор.

Повлечени се законот за административци, за нивниот професионален развој  и за вработувањето во јавниот сектор за да одат на ревизија. Како што соопшти министерот, ниту еден административец нема да биде избркан од работа, но ќе мора да се дообразува на Академијата за административци која допрва ќе биде формирана. Минчев посочи дека проблемот не е во пренатрупаноста на административците во институциите, туку во нивната некомпетентност и нестручност. Балансерот и партиските вработувања во псоледниве 30 години произвеле неквалитетна администрација која не пружа услуги, подвлече министерот.

Реклама

За наредната година во план е министерството  да се занимава со Законот за висока раководна служба  според кој треба да се воведе практика која е спротивна од сегашната, а таа е политичките партии да не избираат свои кадри, туку да се изберат најкомпетентните кандидати според нивните заслуги.

Овој закон беше подготвен од поранешното Министерство за информатичко општество, но никогаш не беше усвоен на владина седница од претходната власт,  ниту влезе во собраниска процедура.

https://youtu.be/L0dvO0AQY2Y