Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Минчев: Само со силна и професионална администрација можеме да ги исполниме европските стандарди

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на сесијата на Работната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на сесијата на Работната група 6 – „Антикорупција“ во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Македонија. Настанот беше посветен на темата „Административни капацитети за унапредување на вредноста за потрошени јавни средства“, при што беа разгледани европските искуства за ефикасно управување со јавните ресурси.

Во своето обраќање, министерот Минчев потенцираше дека јавната администрација е клучниот столб на евроинтегративниот процес, истакнувајќи: „Без ефикасна, професионална и одговорна администрација, која може да ги спроведе реформите и да обезбеди усогласеност со европските стандарди, невозможно е успешно да затвориме ниедно од преговарачките поглавја.“

Тој ги претстави новите законски решенија за професионализација и департизација на јавниот сектор, со цел изградба на транспарентен и одговорен систем што ќе обезбедува квалитетни услуги за граѓаните. „Нашата крајна цел е создавање администрација што работи во интерес на граѓаните, а не обратно,“ истакна Минчев, додавајќи дека реформите се резултат на широка соработка со сите засегнати страни, вклучително и граѓанскиот сектор и меѓународните партнери.

Реклама

На сесијата се обрати и амбасадорот на Република Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш, кој го сподели искуството со словачкиот модел за евалуација на јавната потрошувачка преку Единицата за вредност за пари (Value for Money Unit), како пример за подобрување на отчетноста и зголемување на ефикасноста во јавниот сектор.

Министерството за јавна администрација останува целосно посветено на спроведување на неопходните реформи и унапредување на административните капацитети, со крајна цел исполнување на обврските на патот кон членство во Европската Унија. Во таа насока, министерството ќе продолжи да соработува со сите релевантни чинители, со фокус на изградба на ефикасен, транспарентен и одговорен јавен сектор, кој ги одразува европските вредности и стандардите за добро владеење.