Реклама

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонија

Минчев: Нацрт-законот за државната управа ќе донесе појасни надлежности и поголема отчетност

– Реформата на државната управа треба да воспостави јасни правила за организацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Реформата на државната управа треба да воспостави јасни правила за организацијата на институциите, прецизна распределба на надлежностите и посилна одговорност во корист на граѓаните и стопанството, порача министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавната стручна дискусија „Новата архитектура на државната управа – принципи, надлежности и функционалност“, посветена на Нацрт-законот за организација и работа на органите на државната управа.

Отворајќи ја дебатата што се одржува денеска во Скопје, Минчев оцени дека досегашниот модел на организирање на државната управа довел до фрагментација на институциите, преклопување на надлежностите и недоволна отчетност, што, како што рече, се одразило врз квалитетот на услугите кон граѓаните и деловната заедница.

Според него, целта на новата законска рамка не е само организациска реформа, туку создавање појасен, предвидлив и одржлив систем на функционирање на државната управа, усогласен со принципите на добро владеење и европските стандарди.

Реклама

– Повеќе од две децении, јавната администрација беше свесно фрагментирана, распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии кои постоеја сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати – рече Минчев.

Тој нагласи дека реформата е насочена кон државната управа како јадро на јавната администрација и дека не претставува реорганизација на сите институции во јавниот сектор. Според него, новите законски решенија треба да обезбедат воспоставување јасни критериуми за основање органи на државната управа, нивно функционирање и одговорност.

– Рационализацијата не значи однапред зададена бројка на органи, ниту се сведува само на отстранување на преклопени надлежности. Суштината е да се воспостават општи и јасни правила за тоа кога и зошто се основа орган во состав, кои функции ги врши и каков е неговиот однос со министерството во чиј состав е основан. Кога се предлага нов орган, мора да има јасно образложение за неговата функција, надлежностите, ресурсите и причините поради кои задачите не можат соодветно да се извршуваат во постојната организациска поставеност – истакна министерот.

Во обраќањето посебен акцент беше ставен и на потребата од јасно разграничување меѓу политичката одговорност и професионалното постапување на администрацијата. Минчев посочи дека политичкото раководство треба да ги креира политиките и стратешките насоки, додека административните постапки мора да се водат исклучиво врз основа на закон и стручност.

– Потребна ни е државна управа што не зависи од волјата на поединци, туку работи според јасни и стабилни правила во која политичката одговорност е видлива, професионалноста е вреднувана, а јавните средства се користат за потребите на граѓаните. Тоа е и европскиот стандард кон кој се стремиме – држава што не само што ги донесува законите, туку има капацитет доследно да ги спроведува – нагласи Минчев.

Министерот информира дека Нацрт-законот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде е отворен 30-дневен рок за консултации, а текстот е доставен и до сите министерства и координаторите на пратеничките групи во Собранието за мислења и забелешки. Тој потсети дека законот ќе треба да биде донесен со двотретинско мнозинство, што, како што рече, бара поширок политички и општествен консензус.

Во рамки на јавната стручна дискусија се одржа и презентација на клучните решенија и новини во Нацрт-законот од доцентот Константин Битраков од Правниот факултет „Јустинијан Први“, по што следуваше панел-дискусија на тема „Новата архитектура на државната управа – принципи, надлежности и функционалност“. На панелот учествуваат професорите Борче Давитковски, Тања Каракамишева-Јовановска и Драган Гоцевски, а по нивните излагања е предвидена дискусија со прашања и предлози од стручната јавност, институциите и другите засегнати страни.

Минчев најави дека во наредниот период ќе биде организирана и втора јавна расправа во рамки на матичната собраниска Комисија за политички систем, со цел дополнително разгледување и унапредување на предложените законски решенија.