Реклама

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Македонија

Минчев: Јавната администрација веќе не е заштитена зона за привилегирани, туку сервис на граѓаните

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, денеска на прес-конференција по повод една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев, денеска на прес-конференција по повод една година од формирањето на Министерството, ги презентираше клучни резултати и реформски потези кои, како што рече, ја поставиле основата на новата култура на управување во јавниот сектор.

– Формирањето на Министерството за јавна администрација не беше бирократски потег. Тоа беше политичка порака. Порака дека веќе нема место за партиски вработувања, за нефункционални институции, за тајни договори и за неучење, изјави Минчев, нагласувајќи дека јавната администрација повеќе не смее да биде „заштитена зона за привилегирани поединци“, туку сервис на граѓаните.

Од клучните преземени мерки тој ги издвои корекцијата на Балансерот, односно методологијата за пресметка на етничката застапеност во јавниот сектор.

Реклама

-Пресметката ја усогласивме согласно тогашниот актуелен Закон, врз база на реалната резидентна популација, а не по дотогашната пресметка на нерезидентно население, објасни Минчев.

Ги посочи и јавните дебати со институции и граѓанскиот сектор во рамки на кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“, односно четири јавни дебати, вклучувајќи и завршна сесија во матичната собраниска комисија.

Министерот најави дека законските решенија кои произлегле од јавните консултации се веќе во завршна фаза во Собранието.

-Ги поставивме темелите на таа нова култура. Македонија е решена да стане модерна, европска држава и тоа не може да се постигне со стари навики, туку со нова култура на управување, заклучи Минчев.