Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Минчев и Суперти во Будва: Продлабочување на соработката за реформи и ЕУ интеграција

Министерот за јавна администрација Горан Минчев во рамки на министерската конференција во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев во рамки на министерската конференција во Будва оствари билатерална средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европска комисија, Валентина Суперти.

Средбата, како што е анведено во соопштението од Министерството за јавна администрација, претставува континуитет на разговорите што претходно се одржаа во Брисел, при што соговорниците размениле мислења за натамошно унапредување на реформите во јавната администрација и динамиката на нивната имплементација.

Министерот Минчев ја потенцирал стратешката определба на министерството и Владата за изградба на ефикасна, транспарентна и професионална јавна администрација, целосно усогласена со европските стандарди и вредности.

Реклама

Суперти го поздравила остварениот напредок, нагласувајќи дека Европската комисија и понатаму ќе остане доследен партнер во поддршката на реформските процеси и европската интеграција на Македонија.

-Средбата во Будва ја реафирмираше заедничката заложба за продлабочување на партнерството и унапредување на соработката, во насока на ефикасна реализација на реформите и остварување на стратешката цел, односно полноправно членство на Македонија во Европската унија- се наведува во соопштението.