Реклама

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

Здравство

Минаа трите критични дена: Нема нови починати, состојбата на сите повредени дома и во странство е стабилна

Поминаа критичните 72 часа за повредените од пожарот во Кочани, период кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поминаа критичните 72 часа за повредените од пожарот во Кочани, период кој е клучен за да пациентите ја преживеат критичната фаза. Нема зголемување на броката на починати. Состојбата на сите 178 пациенти, дома и во странство, е стабилна. Некои дури и се пуштаат дома, како што се двајцата пациенти од штипската болница. Еден пациент заминува дома и од Клиниката за трауматологија. Министерот Таравари се надева дека во следните денови ќе има повеќемина кои ќе си заминуваат дома. И откри дека од утре повеќе нема да има трансфери на пацинети во други држави.

Последниот транспорт на пациенти е денеска. Веќе нема да има лекување на пациенти надвор од државата, дури може да чекаме некои и да се враќаат во следните денови. Денеска има само за Шведска, и тука завршуваме. Веќе нема потреба за другите пациенти да се лекуваат надвор од државата”, рече Таравари.

Тоа што е важно е што со подобрување на состојбата на пациентите, домашните болници полека се враќаат во нормала, па така Хируршките клиники од денеска продолжуваат со операции на онколошките пациенти, а од утре ќе бидат примени луѓето кои имаат закажано редовни термини за интервенции.

Реклама

Инаку, 77 луѓе се лекуваат во македонските болници, а 101 пациент се хоспитализирани во странство. Од оние кои се лекуваат во Македонија, 13 се во приватни болници, 64 се на скопските клиники и ГОБ “8 Септември” и тројца се во штипската болница.На помош на домашните лекари дојдени се и странски специјалисти од Словенија, Чешка и Израел.Тие веќе работат со тимовите во болницата „8 Септември“ за санирање на повредите на оние пациенти кои не се критични, а имаат потреба од рехабилитација за следната фаза.

Она што радува е дека сегашните трансфери кои ги правиме во други држави не се во насоки дека се критични и интубирани, туку сега правиме тријажа на пациенти врз основа на степенот на изгореници.Така што оние кои имаат највсок степен на изгореници ги праќаме во странство во специјални болници вели Синиша Стојановски – директор на ГОБ “8 септември”.

Освен овие петтмина кои денеска се пренесуваат во Шведска, во текот на ноќта со авиони на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина беа префрлени уште четворица пациенти, со што во Грција на лекување се вкупно 12 луѓе, од кои пет во Солун и седум во Атина. Во Бугарија се лекуваат 15 пациенти, во Србија 30, во Турција 9, Унгарија и Австрија по 6-мина, Хрватска 5 луѓе, Словенија, Литванија, Белгија и Италија по 4-ца, и двајца во Полска.