Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Милошоски: Власта го менува Законот за АСЈО за да прими со коалициски договор 100 судии и обвинители

Местото каде најмногу просперираат ќерки, синови и сопруги на функционери, Академијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Местото каде најмногу просперираат ќерки, синови и сопруги на функционери, Академијата за судии и јавни обвинители, повторно сред скандал. Од 130 места за идни судии и обвинители, слободни се само 30 бидејќи останатите се поделени во коалициски договор помеѓу партиите, обвинува опозицијата. 25 се места на ДУИ, 20 за Алијанса, 45 на СДСМ и 10 за помалите коалициони партнери, пишува на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски повикувајќи се на извор од академијата.

Од вкупно 130 идни судии и обвинители, според изворот од АСЈО, на Академијата ќе бидат запишани:

Реклама

25 од листата утврдена од страна на ДУИ

20 од листата на Алијанса

45 од листата на СДСМ и

10 од помалите коалициони партии.

Останатите 30 судии и обвинители ќе бидат избрани од најдобрите меѓу преостанатите 200 пријавени кандидати, пишува Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ

Правосудството одамна го допре дното, судејќи по критиките на меѓународната заедница и довербата од 2 % што е на ниво на статистичка грешка, но премиерот Ковачевски за писменото полагање во Академијата и обвинувањата дека предизборно се селектираат кандидати, медиумите ги препрати на друга адреса, во Академијата.

Од таму пак, со денови молчат. Директората Наташа Габер неколку дена како да е пропадната во земја и не одговара на прашањата во врска со техничкиот проблем за електронско полагање, кој ќе се реши со писмен тест. За неа, доволно е јавноста да биде информирана само преку веб страната на Академијата.

Токму Габер, во месец март тврдеше дека електронското полагање дава сигурност за независен избор на кандидатите.

Летоска, власта се пофали дека Европската комисија аплаудира за последните законски измени за Академијата во однос на поригорозните критериуми за упис. Не поминаа неколку месеци и аплаузот е бадијала, со оглед на тоа што новите измени носат полесен пат за упис во академијата.. Власта на време не набавила софтвер за полагање на испити во државните инстируции, па според неа, хартиените тестови се вистинското решение.

Оваа Академија од нејзиното формирање во 2006 е под постојан удар на критики, а во последниве години цажи за царство на непотизам и расадник на судии и обвинители од кои , повеќе од половината се деца на функционери.