Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Милошоски: Пожарите не се случајни, МВР успешно ја врши својата работа, сторителите ќе одговараат за своето дело

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, истакна дека пожарите не се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, истакна дека пожарите не се случајност со оглед на тоа што директорот на Дрисла е од ДУИ и смета дека овие намерно предизвикани пожари се со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните и да одредени поединци постигнат политички ефект, пишува во денешното соопштение на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во однос на пожарите и интензитетот по кој што се случуваат а последниот имаше и одредена видео снимка не би рекол дека пожарите се случајни, особено не пожарот во Дрисла, значи Дрисла е институција која има стандарди и норми на одлагање на смет на негово согорување ако има потреба, директорот на Дрисла е од ДУИ знам дека бил повикан на информативен разговор и ќе се покаже и според тоа и според други сознанија дали и како се работело во ова претпријатие и дали со некое сторување или не сторување се случил тој пожар во Дрисла кој што предизвика поголемо загадување и потоа беше саниран.

Сметам дека ваквото дејствување има елементи на субверзија да се предизвика несигурност кај граѓаните, да се предизвика страв, паника,  да се одвлече вниманието од надлежните институции коишто се ангажирани во борба против криминалот, да се дефокусира, да се насочат ресурсите на друга страна, па на крајот на краиштата да се постигне некој политички ефект“ рече Милошоски.

Реклама

Пратеникот Милошоски посочи  дека наскоро се очекува да биде оформен предмет за пожарите, а доколку и во иднина има сторители на подметнати пожари истите ќе бидат санкционирани и ќе одговараат за своето дело.

Има одреден дел на поединци кои се повикани на распит и некои се осомничи и мислам дека во соработка со Обвинителството ќе може за скоро време да имаме и предмет којшто би бил оформен во оваа насока. Овие пожари очигледно е дека не се случајни и државата ќе се обиде се што е во нејзина надлежност да биде активна и се надевам како што беше случајот со пожарот кај Стаклара во Кисела Вода, дека доколку било кој се осмели во иднина на ваков начин, дека ќе имаме веќе не само осомничени туку и на лице место фатени сторители и сметам дека таквиот начин би бил најдобар за да се упати една силна пораки дека тие што го прават ова без разлика дали е поединечен акт или  е некаква политичка саботажа дека ќе одговараат за вакви тешки дела по здравјето на граѓаните“, вели Милошоски.